Претходна статија
Нов индустриски капацитет за бакар во Радовиш
Следна статија
Крива Паланка доби Градски музеј

Владата ветува удвојување на средствата за изградба и реконструкција на училишта

Објавено на 29.08.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Вицепремиерот Владимир Пешевски и министерот за образование и наука Панче Кралев, при денешната посета на реконструираните училишни објекти во Општина Илинден, најавија значително зголемување на финансиите наменети за училишните објекти ширум државата. Според вицепремиерот, следната година Владата планира барем двојно да ги зголеми средствата за изградба и реконструкција на училишта, од сегашните 250 милиони денари.

 

Министерот Кралев изјави дека годинава се планира изградба на нови 14 училишта на кои веќе се работи, а завршена е изградбата на осум. Во општина Илинден, покрај реновирањето на три централни и пет подрачни основни училишта, наскоро треба да почне изградба на ново модуларно средно училиште. Изготвена е сета документација, затворена е финансиската конструкција и потпишан е договор со фирма изведувач. Планирано е градежните работи да стартуваат во текот на септември, а рокот за изградба е шест месеци.