Претходна статија
Склучени договори за два нови споменици од „Скопје 2014“
Следна статија
Во Бунарџик влегува и фармацевтската индустрија

Започна изградбата на голем станбено – деловен комплекс во Штип

Објавено на 18.08.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Вчера во штипската населба „Сењак 3“ започна изградба на голем станбено – деловен комплекс со вкупна површина од 25.000 метри квадратни [»мапа], инвестиција на фирмата „Топ  Инвест“. Новиот објект ќе има 13 ката со вкупно 150 станови со површина од 40 до 110 метри квадратни, 10 ВИП апартмани, деловен простор на 3 ката со површина од 4.500 метри квадратни и подземна гаража на две нивоа со површина од 4.000 метри квадратни и со 400 паркинг места. Вредноста на инвестицијата е 10 милиони евра.

 

Земјиштето со површина од 2.237 метри квадратни на кое ќе се гради комплексот, беше продадено од страна на Министерството за транспорт и врски пред една година, за нешто повеќе од 100 илјади евра. Купувач беше фирмата „Нико 2002“, која заедно со „Роби Инженеринг“ (Телекабел) е сопственик на „Топ Инвест“. Објектот го проектираше „Инвест градба“ од Кочани, а како проектант на фасадата и надворешното уредување се јавува „Платформа“ од Скопје. Ревизијата ја изврши скопската фирма „Статика 001“. Изведувач на градежните работи е компанијата „Бетон Кочани“, која треба објектот да го заврши во рок од две години. Надзорот го врши „Техно инвест“ од Штип.

 

Градоначалникот на Штип, Зоран Алексов, за есенва најавува почеток на изградба на уште две станбени згради во градот. Според Алексов, на Штип во моментов му се потребни околу 1.000 нови станови.

###

 

 

»Форумска дискусија за овој проект

 

 

Бојан Блажевски