Претходна статија
Легализацијата на дивоградбите се одвива со различно темпо по градовите
Следна статија
Државниот буџет ќе помага при купување на стан и изградба на куќа

Во јуни се граделе помалку објекти, но со поголема вредност

Објавено на 05.08.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во јуни 2011 година се издадени 228 одобренија за градба, што е за 9,9% помалку во однос на истиот месец лани, додека предвидената вредност на објектите изнесува 2,28 милјарди денари, што е за 52,1% повеќе во споредба со истиот период минатата година. Според соопштението на Државниот завод за статистика, најголема заинтересираност за градба имало во секторот високоградба, каде се издадени 184 одобренија, а понатаму следуваат секторот реконструкција со издадени 29 одобренија и секторот нискоградба со 15 одобренија за градење.

 

#Статистика покажува дека бројот на издадени дозволи е најмногу намален во сегментот нискоградба за дури 46,4% и во секторот реконструкција за 32,6% во однос на јуни 2010 година, а сумата на одобрени дозволи за градба е зголемена единствено во секторот високоградба за симболични 1,1% во споредба со истиот период во минатата година. Сепак, податоците покажуваат дека предвидената вредност на планираните објекти е драстично поголема во однос на изминатата година. Придонес за тоа има секторот високоградба, каде за огромни 66,8% е зголемена вредноста на предвидените објекти во споредба со јуни 2010 година.

 

Податоците на Државниот завод за статистика велат дека во јуни 2011 година се предвидени 615 станови за градба, со вкупна површина од 48.394 метри квадратни, а скопскиот и југозападниот регион предничат со 190, односно со 123 предвидени станови. Во извештајот на оваа државна институција се претставени и податоците за правниот статус на бесправно изградените објекти. Статистичарите пресметале дека во јуни 2011 година се издадени 519 решенија за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, најмногу во источниот и скопскиот регион на Република Македонија.

 

 

Бојан Блажевски