По петгодишна реставрација, денес беше свечено отворена за верски обреди Мустафа-пашината џамија во Скопје [» мапа], а на настанот присуствуваше висока делегација од Турција предводена од вицепремиерот Бекир Боздаг. Проектот опфати зајакнување на темелите на објектот и реконструкција на минарето и куполите. Исто така беше реконструиран шадрванот и беа обновени внатрешните декорации. Градежните работи ги вршеше турската компанија „Рена Иншаат“ (Rena İnşaat), а санацијата на темелите се работеше по проект подготвен од скопскиот Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС). Финансиите ги обезбеди турската агенција за соработка и развој (TIKA).
Мустафа-пашината џамија е изградена во 1492 година во таканаречениот раноцариградски стил. Главната купола со пречник од 22 метри е една од поголемите на Балканот. Џамијата претпе сериозни оштетувања во земјотресот од 1963, после што објектот беше само делумно саниран.
» Форумска дискусија за овој проект