Нов 35 киловолтен подземен кабелски вод „Берово – Пехчево“ добија Пехчево и околните места за подобро снабдување со електрична енергија. Инвестицијата на ЕВН во овој регион ќе ја зголеми сигурноста на мрежата и ќе го намали бројот на прекините во испораката на струја во пехчевскиот регион. Вкупната должина на кабелскиот вод изнесува 9 километри, а финансиската конструкција изнесува 450.000 евра. Официјалното пуштање под напон на водот се очекува за десетина дена.
Бојан Блажевски