ЕВН Македонија започна со изградба на нов 20 киловолтен далновод во должина од 8,5 километри во општина Зелениково. Од компанијата планираат и реконструкција на 10 киловолтна трафостаница и замена на голем број дрвени 10 киловолтни столбови со бетонски. Со новиот далновод ќе се поврзат 35 киловолтната трафостаница „Драчево 2“ со Зелениково со што ќе се растовари 35 киловолтната трафостаница „Петровец“. Вкупната вредност на инвестицијата на ЕВН изнесува 18.500.000 денари односно околу 300.000 евра. Со реализацијата на проектот ќе се подобри напојувањето со електрична енергија во селата Зелениково, Орешани, Ново Село, Дејковец, Тисовица, Градовци, Гумалево, Добрино, Пакошево, Страхојадица и Смесница.
Бојан Блажевски