Претходна статија
Благ пораст на бројот на издадени градежни дозволи
Следна статија
Кавадаречки ИГМ најавува изградба на железарница кај Дуброво

Почнува уредувањето на плоштадот Карпошово востание

Објавено на 06.07.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#На плоштадот Карпошово востание наскоро ќе започнат обемни градежни работи. Се подготвува теренот за изградба на четири големи фонтани и поставување на нови споменици. Најголемата фонтана ќе се наоѓа во делот кон Старата чаршија, во близина на стоковната куќа „Мост“. Во нејзината средина ќе се издигне споменик на Филип Втори, чие официјално име засега е „Воин“. Споменикот ќе биде висок 13 метри и ќе биде поставен на #15-метарски постамент, со придружни скулптури и веќе стандардните релјефи.

 

Уште една голема фонтана ќе биде изградена во централниот дел на плоштадот, челно од Камениот Мост. Таа ќе биде украсена со женски фигури, а највпечатлива ќе биде скулптурата „Мајка со Дете“. До спомениците на просветителите ќе се направат уште две помали фонтани со скулптури на коњи.

 

Изведувач на градежните работи е ДГ „Бетон“ АД Скопје, додека надзорот го врши „Градежен институт Македонија“. Целиот проект чини околу пет милиони евра, од кои три се потрошени за леење на скулптурите во Италија. Сите скулптури се дело на Валентина Стевановска, која е автор и на споменикот на Александар Македонски, споменикот на Филип Втори во Автокоманда и украсите на Триумфалната капија. Според Стевановска, ќе треба околу една година за да финишираат сите работи во врска со фонтаните на плоштадот Карпошово востание.

 

Во меѓувреме се одвиват градежни работи и на објектите кои го оформуваат плоштадот. При крај е изградбата на Музејскиот комплекс „Македонска борба“, а напредува и објектот на Уставниот суд, Археолошкиот музеј и Архивот. За Министерството за транспорт и врски се спрема надградба и нова фасада. Во делот кај поранешната меѓуградска автобуска станица, според Деталниот урбанистички план „Мал Ринг“ е предвиден нов објект со кој плоштадот ќе ја добие одамна замислената полукружна форма.

 

Форумска дискусија на оваа тема » овде