Претходна статија
Скопските таксисти од денес со унифицирани ознаки
Следна статија
Благ пораст на бројот на издадени градежни дозволи

Нови 2,3 километри за велосипедистите во Скопје

Објавено на 05.07.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Со црвено се обележани постоечките велосипедски патеки во СкопјеГрадоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, денеска пушти во употреба нова делница од асфалтната ролерско – велосипедска патека на левиот кеј на Вардар. Патеката се наоѓа на потегот од фабриката „Комуна“ до мостот „Близнак“ и е долга 2.338 метри, а широка 4 метри. На нејзината изградба работеа екипите на фабриката „Карпош“ и на Јавното претпријатие „Улици и патишта“. Финансиите во висина од околу 7 милиони денари ги обезбеди Градот. Оваа делница се градеше неочекувано долго. Во јули минатата година, градоначалникот изјави дека активностите се започнати и дека очекува работите да финишираат за два месеци. Сега, една година подоцна, патеката е готова, но осветлувањето ќе се прави дополнително, според најавите наесен. За наредната година се најавува изградба на пешачка патека на овој потег.

 

###