Претходна статија
Самоил седна на тронот на Плоштад Македонија
Следна статија
Се намалува бројот на бесправно изградени објекти во Македонија

„Wizz Air“ го скрши мразот, нови авиокомпании доаѓаат

Објавено на 29.06.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

„Wizz Air“ до Лондон и Венеција, „Air Berlin“ до Цирих, „XL Airways“ до Дизелдорф, „Belle Air“ до Анкона и Венеција и „Pegasus“ до Истанбул и Измир се најновите дестинации кон кои македонските граѓани ќе можат да патуваат со авион во текот на летните месеци. Од Агенцијата за цивилно воздухопловство велат дека потенцијалот на воздушниот сообраќај во Македонија е добар, за што говорат и последните податоци за зголемување на бројот на патници на македонските аеродроми.

 

Денес беше промовиран и новиот лет на „Wizz Air“ од Скопје до Венеција, чија цена во еден правец ќе изнесува од 25,99 евра па нагоре со вклучени аеродромски такси, а ќе започне да сообраќа од 20 септември. Од компанијата истакнуваат дека билети на релацијата Лондон – Скопје – Лондон досега резервирале 8.250 граѓани. Интернет – сервисот на оваа авиокомпанија сеуште нуди евтини билети за Лондон по цена од 25,99 евра за одредени датуми во текот на јули, но цената е флексибилна и истата понекогаш достигнува и до 215,99 евра.

 

Нискобуџетните авиокомпании се евтин, брз и едноставен начин за патување со авион помеѓу огромен број дестинации во европските земји. Авиокомпаниите кои нудат евтини авио билети станаа многу популарни, особено во земјите од Источна Европа, иако истите понекогаш се изложени на критики поради флексибилните цени на билетите и дополнителните трошоци надвор од цената на билетот.

 

 

Бојан Блажевски