Претходна статија
ОСВРТ: Автобуските превозници се множат во Македонија
Следна статија
Самоил седна на тронот на Плоштад Македонија

Скопје и понатаму убедливо предничи во бројот на изградени станови

Објавено на 27.06.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Во текот на 2010 година се градеа 1.497 објекти од страна на деловни субјекти и 4.526 објекти од страна на индивидуални сопственици, објави денес Државниот завод за статистика. Статистичарите пресметале дека во 2010 година се граделе 871 станови, а повеќе од половина од нив се во скопскиот регион, дури 445 станови. За градежните компании најинтересна локација за градба на станови била општина Аеродром, каде се изградиле 205 станови во текот на 2010 година. Во Охрид изненадувачки е мал интересот за изградба на станови од деловните субјекти, бројките покажуваат дека се завршени 39 станови во рамките на изминатата година.

 

Во 2010 година од деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност се извршени градежни работи во вредност од 12.750.651 илјади денари. Статистичките податоци покажуваат дека вкупната површина на изградените станови изнесува 55.944 метри квадратни, а просечната корисна површина на становите изнесува 64,2 метри квадратни.

 

Наспроти станбените единици градени од деловните субјекти, најголем интерес за изградба на станови од индивидуални сопственици во текот на 2010 година имало во Тетово и во Гостивар, каде што се завршени 382, односно 250 станови. Во однос на состојбата по региони, скопскиот регион и понатаму предничи со 1.617 завршени станови градени во индивидуална режија. Високо место кај завршените станови од оваа статистичка графа држат и Струга и Охрид, каде се финиширани 261, односно 228 станови.

 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2010 година од страна на индивидуалните сопственици извршени се градежни работи во вредност 12.275.165 илјади денари, а вкупната површина на завршените станови изнесува 386.698 метри квадратни. Просечната површина на завршените станови од страна на индивидуалните сопственици изнесува 90,3 метри квадратни.

 

Бројките покажуваат дека скопскиот регион и во текот на 2010 година значително предничи во изградбата на станбени површини, како од страна на деловните субјекти, така и од индивидуалните сопственици.

 

 

Бојан Блажевски