Претходна статија
Откриен споменикот „Карпалак“ во Прилеп
Следна статија
Пропаѓаат рекреативните велосипедски патеки во Скопје

Осветлување на патеките покрај кејот на Вардар

Објавено на 30.05.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Осветлување на пешачката патека на десната страна од Вардар на потегот од мостот кај општина Сарај до фабриката „Купром“ и осветлување на патеката на левата страна од Вардар на потегот од мостот Гоце Делчев до мостот на булеварот 8 – ми септември се најновите активности на градските власти, информира интернет – порталот на Град Скопје.

 

Првиот зафат предвидува поставување на кабловска мрежа во должина од 4.200 метри и 144 двосегментни столбови во висина од 4,5 метри. За осветлување на кејот на Вардар во општина Ѓорче Петров е предвидено да се постават 144 штедливи светилки, а вкупната вредност на овој зафат е 7.316.000 денари. Активностите на терен ги врши фирмата „Дигитал“.

 

За осветлувањето на левата страна на кејот на Вардар е планирано да се постави кабловска мрежа од 3.300 метри и 98 тросегментни столбови во висина од 6 метри. Зафатот предвидува поставување на 99 штедливи светилки, а за овој проект е планирано да се потрошат 5.317.682 денари. Градежните активности ги изведува компанијата „Магнус инженеринг“.

 

 

Бојан Блажевски