Големиот македонски револуционер Јане Сандански, доби споменично обележје во скопската населба што го носи неговото име. Во новиот парк и плоштад што Општина Аеродром го уредува на аголот помеѓу булеварите Јане Сандански и Србија, сношти беше поставен пет – метарски коњанички споменик на војводата, изработен од бронза. На постаментот кој е висок три метри сеуште се работи. Споменикот ја чинеше Општината околу 250 илјади евра. Негов автор е Гоце Давидов, а излеан беше во српската леарница „Јеремиќ“.