Претходна статија
Осветлување на патеките покрај кејот на Вардар
Следна статија
Пресечена лента за новата гинекологија во Клиничкиот центар во Скопје

Пропаѓаат рекреативните велосипедски патеки во Скопје

Објавено на 30.05.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Иако малубројни во километри, сепак велосипедските патеки во Скопје пропаѓаат. Рекреативните патеки долж кејот на реката Вардар и трикилометарската велосипедска и трим – патека во Кисела Вода се уништуваат од несовесните граѓани, но и од негрижата на градските и локалните власти.

 

Реконструираниот „Мост на револуцијата“ покрај МАНУ е првата горлива точка за велосипедистите кои се движат покрај реката Вардар. Градежниот шут на и околу велосипедската патека сеуште не е собран. Клинци, остатоци од бетон и железо претставуваат опасност која секојдневно ги демне велосипедистите и ролерџиите од десната страна на кејот на Вардар, иако левата страна на кејот на Вардар е средена со самиот завршеток на реконструкцијата на мостот.

 

Стотина метри подолу, патеката под новиот мост кај Скопски саем и под железничкиот мост е претворена во депонија и јавен тоалет за тамошната ромска населба. Расфрлени остатоци од храна, измет, шишиња и силна смрдеа е моменталната состојба на овој дел од стазата. Ѓубрето од околните ромски населби е присутно долж целата патека до пешачкиот мост во населбата Острово.

 

Во меѓувреме, веќе неколку месеци е запрена изградбата на ветената патека за велосипедисти од левата страна на реката Вардар. Градежните активности се стопирани, а машините и работниците се повлечени од терен. На дел од стазата е поставен асфалт, додека на потегот од населбата Острово до мостот на булеварот Србија се поставени единствено рабниците на патеката.

 

Лошото оддржување на велосипедската патека крај Вардар е придружено и со затворање на еден нејзин помал сегмент во строгиот центар на градот помеѓу Камениот мост и мостот на булеварот Васил Аџиларски кај хотелот Холидеј Ин. Пешачкиот мост што треба да ја поврзе новата зграда на Уставниот суд со Кејот 13 ноември се гради веќе трета година со што е прекината велосипедската патека на овој дел.

 

На ваквите грди слики може да се придодадат и искосената сува трева што е оставена долж речиси целата патека и поголемите оштетувања на истата во Карпош. Светилките покрај патеката често не функционираат, а урбаната опрема на одредени локации е уништена од несовесните граѓани.

 

Во многу полоша состојба е трикилометарската велосипедска и трим – патека во Кисела Вода на потегот од булеварот Србија до спортскиот центар „Славија“. Поставувањето на гасовод за потребите на „Макпетрол“ целосно ја уништи оваа патека, а градежните активности во последниот месец се целосно стопирани. На дел од патеката се оставени големи незатрупани дупки, додека останатиот дел е единствено покриен со земја.

 

Негрижата за оваа патека се гледа и од неискосената неколкуметарска трева и растенија долж истата, како и минувањето на автомобили и камиони кои целосно го уништуваат поставениот асфалт. Големите дупки се видливи долж целата велосипедска и трим-патека. Поставените клупи долж целата патека се откорнати или целосно уништени, а светилките воопшто не светат.

 

Моменталната состојба со овие патеки за рекреација на граѓаните треба да биде аларм за надлежните градски и општински власти. Одговорните органи од градот Скопје и општините Кисела Вода, Аеродром, Центар и Карпош засега не интервенираат на санирање на недостатоците. Единствената новост што доаѓа од градските власти е дека ќе се постават нови чешми долж целата велосипедска патека крај реката Вардар. Во меѓувреме, велосипедските патеки за рекреација во Скопје се оставени на забот на времето да пропаѓаат.

 

Велосипедска патека на десниот брег на ВардарВелосипедска патека на десниот брег на ВардарВелосипедска патека на десниот брег на Вардар

Велосипедска патека на десниот брег на ВардарВелосипедска патека на десниот брег на ВардарВелосипедска патека на десниот брег на Вардар

Велосипедска патека на десниот брег на ВардарВелосипедска патека на левиот брег на ВардарВелосипедска патека на левиот брег на Вардар

Велосипедска и трим патека во Кисела ВодаВелосипедска и трим патека во Кисела ВодаВелосипедска и трим патека во Кисела Вода

 

 

Бојан Блажевски