Отпочнаа градежните работи на третата фаза од проектот „Арт“ плоштад во Прилеп, јавува интернет – порталот на Општината. Целосното завршување на плоштадот во центарот на градот, пред ЦК „Марко Цепенков“ е предвидено до јули, односно до почетокот на годинашното издание на Пивофест. Третата фаза од изградбата на овој плоштад предвидува поплочување на плоштадот, поставување споменици на Блаже Конески и Круме Кепески, а просторот ќе биде збогатен со впечатливи водени завеси.
Изградбата на „Арт“ плоштадот во Прилеп започна пред две години и истата предвидуваше три фази. Во првата фаза се постави нова шаховска табла и се поставија нови плочки на плоштадот. Во втората фаза се поставија неколку скулптури на самиот плоштад, а Прилеп доби и патека на славните граѓани од овој град. Вкупната инвестиција во „Арт“ плоштадот изнесува 18 милиони денари.
Форумска дискусија за овој проект » овде
Бојан Блажевски