Претходна статија
Промовиран модернизираниот возен парк на МЖ
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: Градска плажа „Камен мост“

Берово доби нов градски плоштад

Објавено на 08.05.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Преку реализација на проектот „Уредување на централно градско подрачје – Плоштад Димитар Беровски“, Берово доби нов градски плоштад, јавува интернет – порталот на општина Берово. Градежниот зафат опфати поставување на фонтана во централниот дел, нова урбана опрема и канделабри со вкупна површина од 2.700 метри квадратни.

##

Градскиот плоштад доби и нова летна сцена на која ќе се изведуваат културно – уметнички активности, а во втората фаза од проектот се реконструираше дел од улицата „Маршал Тито“ на потегот од градскиот плоштад до црквата „Рождество на Пресвета Богородица“. Централната улица е поплочена со бехатон плочки, а од дотогашните коцки се креирани нови фигури на улицата.

 

Вкупната инвестиција во новиот градски плоштад изнесува 10.500.000 денари, а истите се обезбедени од СДЦ и буџетот на општина Берово.

 

 

Бојан Блажевски