Претходна статија
Петте сообраќајници се реконструираат со променливо темпо
Следна статија
Скопје – Светското копиле

Автокампот „Свети Наум“ ќе добие бунгалови

Објавено на 04.05.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Целосна реконструкција на автокампот „Свети Наум“ е во тек. Во првата фаза од проектот ќе бидат изградени 34 бунгалови, при што на 15 објекти се работи во моментов и истите ќе бидат завршени до крајот на август годинава. Автокампот ќе добие нови 1.508 квадрати корисна површина, а вкупниот капацитет на бунгаловите ќе изнесува 204 легла.  Министерството за одбрана го финансира овој проект со 25 милиони денари обезбедени од сопствениот буџет.

 

Идните фази од реконструкцијата предвидуваат целосно исфрлање на старите авто – приколки и нивна замена со 94 нови бунгалови објекти со по 4 односно 6 легла, со што овој автокамп ќе може да прими 500 туристи.  Објектот ќе биде од полуотворен тип, со што таму ќе може да летуваат и обичните граѓани на Република Македонија.

 

Проектот за обнова на автокампот предвидува и изградба на нов пристапен пат, со кој кампот ќе се поврзе директно со регионалниот пат Охрид – Свети Наум. Во рамките на околината е планирана изградба на спортски терени за рекреација и марина за пловни објекти.

 

Изведувач на реконструкцијата на автокампот е Армијата на Република Македонија. Војниците на АРМ заедно со армиската градежна оператива е планирано целосно да ги изградат бунгаловите, додека придружните спортски игралишта ќе се градат во соработка со Агенцијата за млади и спорт.

 

 

Бојан Блажевски