Претходна статија
55 милиони евра за ветерен парк кај Богданци
Следна статија
„Барокна“ ограда за мостот Гоце Делчев

Заврши реконструкцијата на охридскиот аеродром

Објавено на 11.04.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По едногодишни градежни активности, турската компанија „ТАВ“ ја заврши реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“. Свеченото отворање се одржа вчера во присуство на Премиерот Никола Груевски и извршниот директор на „ТАВ“ Сани Шенер. Аеродромот сега располага со нов ВИП објект, реновирани објекти во карго-центарот, обновен паркинг простор,  нова пречистителна станица, нови противпожарни возила, како и современа техничка опрема за потребите на терминалот. Според надлежните, се работи за инвестиција во вредност од 10 милиони евра.

 

„ТАВ“ гo презеде управувањето со македонските аеродроми во Скопје и Охрид, во март 2010 година, а со нив ќе управува во следните 20 години. Турската компанија оперира со аеродроми во седум земји и опслужува 42 милиони патници годишно. Во проекциите за Македонија предвидува годишен проток од 5 милиони патници на Скопскиот и 200 илјади на Охридскиот. Според Шенер, со темпото со кое се одвиваат работите на скопскиот аеродром, неговата реконструкција ќе биде завршена пред предвидениот рок, односно тој ќе биде предаден во употреба на 8 септември – Денот на независноста на Република Македонија.