Претходна статија
Нов оптимизам за Чебрен и Галиште
Следна статија
Велофест 2011 со креативни решенија за транспортот

Стартува изнајмувањето на велосипеди

Објавено на 01.04.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Велосипедски пункт кај Плоштад МакедонијаПод мотото „Скопје изнајми велосипед“, втора година по ред стартува проектот за изнајмување на велосипеди во Скопје. Како и минатата година, изнајмувањето на велосипед ќе чини 10 денари од час, се наведува во соопштението на Ј.П. „Градски паркинг“ . Јавното претпријатие апелира до граѓаните посовесно да се однесуваат кон изнајмените велосипеди.

 

Новата сезона на изнајмување велосипеди треба да донесе два нови велосипедски пунктови, едниот кај Транспортен центар, а другиот во населбата Ѓорче Петров. Покрај овие два, ќе продолжат со работа и пунктовите кај плоштад Македонија и кај паркинзите во Бисер и во Капиштец. Градот Скопје доби кинеска донација за купување на нови велосипеди, но како што стојат работите, втората сезона ќе започне со изнајмување на постоечките велосипеди, а новите ќе пристигнуваат во наредниот период.

 

Проектот „Скопје изнајми велосипед“ беше пуштен во употреба на 18 јули 2010 година во соработка помеѓу градот Скопје и невладините организации ЕкоСвест и ГЕФ ПМГ. Измината година проектот донесе финансиска загуба за претпријатието „Градски паркинг“, поради ниската свест и култура на однесување на корисниците на велосипедите.

 

 

Бојан Блажевски