Претходна статија
Стартува изнајмувањето на велосипеди
Следна статија
OUTBOX 2010

Велофест 2011 со креативни решенија за транспортот

Објавено на 01.04.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Прилеп е домаќин на овогодинешниот креативен фестивал за велосипеди „Велофест 2011“. Денес стартува работилницата за проектирање на велосипедски патеки, на која учество земаат апсолвентите од Архитектонскиот факултет во Скопје. Раководител на работилницата е биде Вим ван дер Вијк, експерт за транспорт од Холандија, во соработка со асистенти од Архитектонскиот факултет.

 

Новото издание на Велофест се оддржува во Прилеп од 1 до 4 април, а програмата предвидува оддржување на активности и во рамките на Архитектонскиот факултет во Скопје на 26 и 27 март и на 9 и 10 април. Организатори на манифестацијата се организацијата Одржливи иницијативи и Архитектонски факултет во соработка со Форум за авангардна креативност, Општина Прилеп и Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.

 

Овој уникатен и единствен фестивал од ваков тип во земјава нуди креативни решенија за подобрување на велосипедскиот транспорт во Скопје, можности за негов развиток како и подигнување на свеста кај граѓаните. Минатогодишното издание на фестивалот понуди неколку идеи за тоа како треба да се развива овој тип на транспорт. Студентите од Архитектонскиот факултет работеа на три типа велосипедски патеки: туристички, рекреативни и оние за градски потреби. Поделени во три групи, тие ги предложија своите размислувања за тоа како треба да се развива велосипедскиот систем во Скопје.

 

Првата група понуди решение за велосипедот како вид на транспорт кој се користи за задоволување на секојдневните потреби на граѓаните. Втората група во рамките на фестивалот понуди идеја за велосипедски патеки за туристи во Скопје, туристичка патека која ги поврзува значајните локации од интерес за секој турист кој ќе пристигне во Скопје. Третата група понуди велосипедски патеки за рекреација, започнувајќи од пункт BIKE STOP & GO до четири типа на велосипедски рекреативни патеки во и околу Скопје.

 

За секој заинтересиран, организаторите на второто издание на овој фестивал изготвија и посебна веб – страница (http://www.velofest.mk), на која граѓаните ќе можат да ги проследат овогодинешните и минатогодишните идеи на апсолвентите од Архитектонскиот факултет во Скопје.

 

 

Бојан Блажевски