Претходна статија
Стоп за ДУП-от „Стара железничка станица“
Следна статија
Парк со „писта“ во општина Аеродром

Државата продаде 10 парцели во поранешната битолска касарна

Објавено на 23.03.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Вчера во Министерството за транспорт и врски се одржа јавно наддавање за државно градежно земјиште во поранешната касарна „Стив Наумов“ во Битола, како дел од проектот „Старите касарни за нов развој“. Од 22-те парцели кои државата ги понуди минатиот месец, продадени се 10, со вкупна површина од 24.147 метри квадратни, од кои ќе бидат инкасирани 52.258.442 денари, односно околу 850 илјади евра. Осум од продадените локации се предвидени за изградба на станбени згради, една е наменета за изградба на хотелски комплекс, а на една треба да се изгради деловен објект. Според градоначалникот на Битола, Владимир Талески, купувачи на парцелите се две странски и една домашна фирма.

 

Проектот „Старите касарни за нов развој“ на 103 хектари во поранешната битолска касарна предвидува станбени згради и индивидуални куќи, објекти од јавен карактер, разни комерцијални и спортски содржини, филмски град, а дел од просторот ќе му припадне на Универзитетот „Св. Климент Охридски“. Исто така се планира оформување на голем плоштад, како и изградба на комуникациска кула со ресторан кај стариот радар на АРМ.