Претходна статија
Грчки инвеститор ќе ги гради Офицерскиот дом и хотелот на Плоштад Македонија
Следна статија
Уште еден облакодер во Аеродром

Најавен голем комплекс на брегот на Вардар во Карпош

Објавено на 15.03.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#На меѓународниот саем на локални самоуправи „Некспо 2011“, кој се одржа во Сараево, Општина Карпош најави и презентираше голем мешовит комплекс кој ќе се простира покрај кејот на Вардар, на потегот помеѓу хотелот „Александар Палас“ и ресторанот „Имес“. Проектот е изработен од страна на израелското архитектонско биро „Pelleg Architects“. Со него се предвидени 1.200 станови, трговско – деловен центар, пешачки мост и спортско – рекреативни содржини. Проектот на Израелците исто така предвидува хотел со 30 ката и 350 соби, но од Општина Карпош најавуваат дека дозволената висина на објектите веројатно ќе биде ограничена на 50 метри и 15 ката.


Се шпекулира дека инвеститор пронашле приватните сопственици на дел од земјиштето, кои поседуваат околу 70% од вкупната површина, а останатото е државно. Засега нема информации за инвеститорот, освен дека исто така се работи за израелска фирма. Деталниот урбанистички план е во фаза на изработка, а после неговото усвојување се најавува и детална презентација на проектот.


####



Форумска дискусија за овој проект » овде