Претходна статија
Охрид СОС: Општината повторно ќе легализира дивоградби на атрактивни локации
Следна статија
Објавен тендерот за реализација на проектот „Скопје паметен град“

Ништо од реконструкцијата на Универзална сала за годинава

Објавено на 28.03.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Повторно се одложува реконструкција на Универзална сала, бидејќи за оваа намена не се предвидени средства во буџетите на Градот Скопје и Министерството за култура. Како што јавува порталот СДК.МК, изработените три проекти се несоодветни и во наредниот период ќе се доразработат за да се пронајде оптимално решение за објектот. Градските власти и надлежното министерство во мај минатата година потпишаа писмо за намери, со кои се дефинираа активностите за заедничко финансирање на реконструкцијата на Универзална сала.

 

 

И покрај ваквиот договор за распределување на меѓусебните обврски, во изминатиов период не беше објавен ниту тендер за избор на изведувач. Санациониот зафат на објектот се одложува веќе една деценија наназад, а властите не можат да се усогласат која од двете опции е посоодветна – реконструкција на постојниот објект или изградба на целосно нова зграда. Универзалната сала е затворена повеќе од 3 години, поради проблеми со кровната конструкција.

 

Универзалната сала во Скопје е ставена во функција на 1 јануари 1966 година. Објектот е изграден со финансиска помош од 35 земји и е изведен по проект изработен од бугарски архитекти, кои изготвиле идентично архитектонско решение и за циркусот во Софија.