Градот Скопје го раскинува договорот со досегашниот управител на депонијата „Дрисла“ – италијанскиот конзорциум „FCL AMBIENTE SRL“ и „UNIECO SCC COOP“. До моментот на избор на новиот концесионер, градските власти ќе го преземат управувањето со депонијата „Дрисла“. Советот на град Скопје ја прекина денешната седница, на која требаше да се избере нов концесионер. По барање на градоначалникот Петре Шилегов, седницата е одложена за периодот по одржувањето на претседателските избори.
„Пред вас е доставена одлуката, која е недвосмислена и која вели дека Градот Скопје треба да го има Конзорциумот предводен од „SCHOLZ AG“ за партнер на „Дрисла“. Јас сум спремен кога ќе се отвори дебатата целосно да ја објаснам анализата“, посочи градоначалникот Шилегов.
Договорот за давање под концесија на депонијата „Дрисла“ беше потпишан на почетокот од јануари 2013 година од страна на претходното раководство на Градот Скопје.