Претходна статија
Државата ќе го преземе управувањето со плажите долж Охридското езеро
Следна статија
Нова шанса за комплексот „Космос“ во Ќерамидница

Со пари од ЕУ ќе се реновираат дуќаните и калдрмата во Старата скопска чаршија

Објавено на 08.03.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Скопската општина Чаир со средства од Европската Унија планира да ги реконструира фронталните излози на дел од дуќаните и калдрмата во Старата скопска чаршија. Објавен е повикот за доставување понуди за изведбата на планираните градежни работи, кои подразбираат конзервација и реставрација на еден сегмент од оваа споменична целина од главниот град. Компаниите ќе имаат рок до 9 април за да ги достават понудите за учество во претстојниот тендер, по што ќе се избере најповолниот понудувач.

 

 

Финансиските средства за претстојниот реконструктивен зафат се обезбедени преку проектот „Локална и регионална конкурентност“, финансиран од ИПА 2 фондот. Покрај овие средства, за обнова на 115 дуќани од Старата скопска чаршија се издвоени дополнителни 16,5 милиони денари, кои ќе се обновуваат во пакет со излозите, натписите, натстрешниците и ќепенците на дуќаните од Битола и Охрид преку Министерството за економија.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk