Претходна статија
„Гранит“ за 543 милиони денари ќе реконструира 4 патни правци низ земјава
Следна статија
Летањето дронови за откривање на загадувачите во Скопје ќе почека нов тендер

Ќе се повтори тендерот за изградба на новата ограда во затворот „Идризово“

Објавено на 04.03.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Откако лани не успеа да избере изведувач, Управата за извршување санкции при Министерството за правда годинава повторно ќе се обиде да ја изгради новата периметарска ограда околу затвореното одделение во скопскиот затвор „Идризово“. Идниот ѕид околу КПД „Идризово“ е предвидено да се гради во временски период од 9 месеци, додека по најповолен изведувач на проектот ќе се трага до крајот на март. Градежниот зафат е во вредност од речиси 100 милиони денари, вклучувајќи го ѝ ДДВ.

 

 

Со претстојниот проект ќе се изведе армирано бетонска периметарска ограда, периметарска жичана ограда, рехабилитација на постојната улична мрежа, поставување на ново надворешно осветлување, видео надзор, видео менаџмент софтвер, микро бранови бариери и вибро оптички огради околу затвореното одделение на КПД „Идризово“.