Претходна статија
Австријци заинтересирани да го градат Клиничкиот центар
Следна статија
До крајот на 2019 година ќе биде изградена пругата Куманово - Бељаковце

Пролетва ќе продолжи реконструкцијата на фудбалскиот стадион во Прилеп

Објавено на 02.03.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

По надминувањето на проблемите со претходниот изведувач на работите, општина Прилеп пристапи кон распишување на нов тендер за довршување на реконструкцијата на фудбалскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Пролетва треба да продолжи изведбата на северната и на јужната трибина од спортскиот објект, за што е предвидено да се одвојат финансиски средства од околу 29 милиони денари.

 

*Извор на фотографија: Општина Прилеп

 

Со идниот изведувач ќе се потпише договор во временски период од 12 месеци, но градежните работи за довршување на реконструкцијата на оваа фудбалска арена ќе треба да се завршат во рок од 90 дена од воведувањето во работа. Општина Прилеп ќе ги очекува понудите од заинтересираните компании до 21 март, по што ќе го избере најповолниот понудувач.

 

Реконструкцијата на прилепскиот стадион „Гоце Делчев“ заглави минатата година, откако општинските власти го раскинаа договорот со претходниот изведувач на работите. Главната причина за ваквиот потег беше фактот што во предвидениот рок за завршување на проектот, претходниот изведувач успеал да комплетира само 8% од севкупните работи.