Претходна статија
Со заем од 26,2 милиони евра ќе се олеснува транспортот и трговијата во Западен Балкан
Следна статија
ГТЦ со зелен кров, ама само на една десетина од покривот на објектот

Отпочна изградбата на нов конак во манастирот „Св. Јован Бигорски“

Објавено на 20.02.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Манастирот „Св. Јован Бигорски“ ќе добие нов конак за сместување на гости. Со чинот на осветување на темелите од Митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј и епископот Тетовско – гостиварски г. Јосиф, денеска започнаа градежните работи за изведба на новиот придружен објект што ќе има околу 70 легла. Сместувачкиот капацитет во Бигорскиот манастир ќе се гради врз основа на изработениот проект од бирото „Виадукт“ од Скопје, а изведбата на гостинскиот конак ќе ја врши „Агноандика“ и „Рединг“ од Скопје.

 

 

Проширувањето на капацитетите за сместување на гости во Бигорскиот манастир следува откако во април 2015 година беа осветени возобновениот конак Горни палат и новоизградениот конак Источен палат. Обновата на манастирот „Св. Јован Бигорски“ започна по големиот пожар во 2009 година, во којшто изгоре конакот Горни палат.