Претходна статија
„G Mall“ поблиску до реализација
Следна статија
Потпишан договор за седум мали хидроелектрани

Најавен голем станбен комплекс во Ќерамидница

Објавено на 21.11.2009 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

ЌерамидницаБизнисменот Фијат Цаноски стои зад најавениот проект за изградба на 800 станови во Ќерамидница. Локацијата на комплексот е на околу 400 метри од објектот на универзитетот ФОН и опфаќа околу 20.000 метри квадратни. Општина Гази Баба на седницата одржана вчера го прилагоди деталниот урбанистички план „Ќерамидница УБ2“. Пет маркички се претопени во две поголеми поставени во форма на потковица.


Наскоро се најавува почетокот на градежните работи, а проектот треба да се реализира за две години. Покрај станови, предвидени се и други содржини, меѓу кои и ротирачки ресторан од 600 метри квадратни, а можно е објектите да се користат и за сместување на студенти. Со овој проект започнува урбанизација на населбата Ќерамидница, а Фијат Цаноски се надева дека локацијата ќе стане многу поатрактивна кога ќе се изгради предвидениот мост кај салата МЗТ.