Претходна статија
Македонски пошти во потрага по идеен проект за обнова на „Пошта - 2“
Следна статија
Ќе се бара ново решение за споменикот на Мајка Тереза

Нови социјални станови ќе се градат низ неколку градови во Македонија

Објавено на 30.01.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска изврши увид во завршената станбена зграда за социјално ранливи категории на граѓани во Струмица. За колективниот објект со 37 станови веќе наредната недела ќе се распише јавен повик за нивна распределба преку Центарот за социјални работи во Струмица. Од надлежното министерство информираат дека во многу скоро време ќе биде пуштена во употреба и новата социјална зграда во Гостивар.

 

 

АДСДП годинава планира да ја отпочне изградбата на 312 нови социјални станови на булеварот „Босна и Херцеговина“ во општина Бутел. Договорот со градежната фирма што ќе ги изведува становите се очекува да се потпише во февруари, по што треба да отпочне изведбата на социјалните станови со проценета вредност од над 8,2 милиони евра. Од акционерското друштво работат и на подготовки за проектирање на станбени згради на 5 локации низ Македонија, додека во постапка на избор на изведувач се и проектите за изградба на социјални станови во Пробиштип и Неготино.