Претходна статија
Град Скопје објави повик за доделување субвенции за печки на пелети
Следна статија
Велес е првиот македонски град што ќе добие План за одржлива урбана мобилност

Радовиш налето ќе има подготвен проект за гасификација

Објавено на 21.01.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Скопската фирма „Филбис“ има рок од 6 месеци за да ги изготви идејниот и основниот проект, со вклучена ревизија, за изградба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа во Радовиш. Општинските власти издвоија над 1,7 милиони денари за изработка на проектната документација, со која е предвидено да се изгради гасоводна мрежа во Радовиш во должина од 7 километри. Договорот со најповолниот понудувач беше потпишан минатата недела, со што е создадена можност за комплетирање на идејниот и основниот проект во летниот период од оваа година.

 

 

Радовиш е еден од градовите во земјава што не се вклучени во првата фаза од изградбата на магистралните гасоводи, која што ги вклучува трите проекти – Скопје-Тетово-Гостивар, Штип-Неготино и Неготино-Кавадарци-Прилеп-Битола. Радовишката општина треба да се поврзе со магистралниот крак во подоцнежната фаза, со која што од Штип ќе треба да пренесува природен гас до Струмица. За реализацијата на овој проект во моментов не се обезбедени неопходните финансиски средства.