Претходна статија
Радовиш налето ќе има подготвен проект за гасификација
Следна статија
За вештачки снег на скијачкиот центар Пониква ќе се гради акумулација

Велес е првиот македонски град што ќе добие План за одржлива урбана мобилност

Објавено на 21.01.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Словенечката компанија „АППИА“ од Љубљана е избрана за да го изработи Планот за одржлива урбана мобилност за Велес за периодот 2018-2030 година. Словенците ќе имаат рок од 5 месеци за да го изработат документот, со кој Велес ќе постане првиот македонски град што ќе добие документ за организирање и користење на одржливи видови сообраќај. Консултантските услуги за изработка на планираниот документ ќе овозможат детална длабинска анализа на сообраќајот, транспортните модели, јавниот превоз и урбаниот транспорт во Велес. Изготвувањето на овој документ чини 2.950.000 денари.

 

 

Покрај во делот на транспортот, Планот за одржлива урбана мобилност ќе претставува комплексна стратегија за развој на урбанизмот, енергетската ефикасност и екологијата во Велес. Велешкиот градоначалник Аце Коцевски лани изјави дека документот ќе овозможи промена на начинот на планирање на сообраќајот. Наместо автомобилите, на прво место ќе се стават пешаците и велосипедистите, па јавниот превоз и на крај користење на автомобилите на одржлив начин.