Претходна статија
Екологистите се жалат од предложениот Закон за просторно и урбанистичко планирање
Следна статија
Градежниците со позитивни оценки за развојот на нивниот сектор

Клиничката болница во Штип ќе биде завршена до средината на 2020 година

Објавено на 17.01.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Рокот за довршување на новиот објект на Клиничката болница во Штип е продолжен за две години. До средината на 2020 година треба да се заврши внатрешното и надворешното уредување на објектот, кој во моментов е доведен на ниво на карабина. Министерот за здравство Венко Филипче во изјава за штипската телевизија „Стар“ изјави дека во моментов се изготвува планот за набавка на нова медицинска опрема, а целта на ова министерство е да се обезбеди опремата до моментот на пуштање во употреба на здравствениот објект.

 

 

Одолговлекувањето на изградбата на Клиничката болница во Штип се појави поради проблемите што ги има министерството со изведувачот на проектот. И покрај доцнењето на градежно – занаетчиските работи, централната власт не се одлучи да го раскине договорот и да побара нов изведувач за довршување на објектот. Изведувач на проектот е грчката фирма „Интеркат“, додека подизведувач на работите е штипската фирма „Бетон“ која веќе подолг период работи со сериозни финансиски потешкотии.

 

Проектот за нова Клиничка болница во Штип е во вредност од 46 милиони евра. Најголемиот дел од средствата, вкупно 30 милиони евра, се наменети за градежните работи. Здравствениот комплекс со површина од 34.000 метри квадратни почна да се гради во март 2016 година, а ветувањето беше дека тој ќе се заврши до март 2018 година.