По повеќе од три месеци од официјалниот почеток на градежните работи, турскиот холдинг „Лимак“ забрзано работи на изградбата на големиот мултифункционален комплекс „Дајмонд“. Оперативата веќе е вклучена во функција и на парцелата лоцирана до Музејот на град Скопје, а се рушат и остатоците од некогашните перони на старата железничка станица. Подготвителните работи продолжуваат околу изградбата на подземната траса на Јужниот булевар, а паралелно се работи на изградба на зданијата од огромниот комплекс лоцирани долж улицата „Јордан Мијалков“. Проектот вреден 250 милиони евра треба да обезбеди нови деловни – станбени единици, хотел и трговски центар со површина од 325.000 метри квадратни во центарот на Скопје. Целосната инвестиција изнесува 250 милиони евра, а плановите се целокупниот комплекс да се заврши во рок од 40 месеци од отпочнувањето на градежните работи.
Форумска дискусија за овој проект >> овде
Галерија: