Претходна статија
Магистралните гасоводи ќе бидат пуштени во употреба во 2019 и 2020 година
Следна статија
Архитект Миодраг Радоњиќ - Бато добитник на наградата „Андреја Дамјанов“ за 2018 година

Со 48,6 милиони денари ќе се реконструират осум училишни објекти низ земјава

Објавено на 24.12.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерството за образование и наука ги потпиша договорите за санација на објектите на осум основни училишта во македонските општини. Од државниот буџет се издвоени над 48,6 милиони денари за претстојните градежни работи, коишто ќе се изведуваат од фирмите „Изградба – комерц“ од Скопје, „Алдинг – инженеринг“ од Скопје, „Дрво – пром“ од Зрновци и „Жикол“ од Струмица. Со потпишаните договори ќе се извршат работи за реновирање и реконструкција на училишните објекти, при што времетраењето на потпишаните договори е 12 месеци.

 

Со проектот е планирано да се санираат просториите на училиштата во следниве општини: ОУ „Браќа Миладиновци“ во Пробиштип, ОУ „Тошо Арсов“ од Штип, ОУ „Бајрам Шабани“ од Куманово, ОУ „Крсте П. Мисирков“ од Оризари, ОУ „Лазо Ангеловски“ од скопската населба Аеродром, ОУ „Васил Главинов“ од скопската населба Чаир, ОУ „Бајрам Шабани“ од Кондово и ОУ „Перпарими“ од Чегране.