Претходна статија
„Визер“ ќе лета со субвенции од македонските аеродроми до 2022 година
Следна статија
Велес изработи проект за нов објект на библиотеката

Презентирани идејните решенија за две нови детски градинки во Бутел

Објавено на 22.12.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Бутел денеска ги презентираше победничките идејни решенија за изградба на две нови детски градинки во скопските населби Бутел 1 и 2. Професорката Виолета Бакалчева, како овластен проектант од „БХ Архитектс“ од Тетово, го претстави изработениот идеен проект за градинката „Св. Климент Охридски“, којшто треба во иднина да прими 75 дечиња од претшколска возраст. Како овластен проектант на „Монт Импекс Инженеринг“ од Скопје, професорката Викторија Еремеева Наумовска го презентираше трудот за доградба на постојниот објект на детската градинка „11 Октомври“.

 

*Извор на фотографија: Општина Бутел

 

Како што истакна градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски, идејните решенија за двете нови градинки ќе овозможат најсовремени стандарди за посетување на претшколска настава на дечињата од неговата општина. Идните современи објекти се проектирани со затворен базен, кино сала, театар и други содржини што не ги поседуваат постојните објекти од ваков тип на територијата на нашата земја. Во објектите ќе се вградат еколошки материјали, кои ќе овозможат исполнување на стандардите за енергетска ефикасност.

 

По изборот на победничките идејни решенија, општина Бутел во претстојниот период ќе треба да ги изработи основните проекти за двата нови објекта. Градоначалникот Смилевски најави дека изградбата на новите детски градинки ќе започне во текот на наредната година, при што за нивната изведба ќе бидат потребни околу 1,4 милиони евра.