Претходна статија
Фекалната и атмосферска канализација пристигна во Маџир Маало
Следна статија
Од денеска нов возен ред на Македонски железници за 2019 година

Напролет почнува изградбата на Skopje East Gate

Објавено на 07.12.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Проектот „Скопје Ист Гејт“ напролет ќе почне да се гради преку реализација на првата фаза, која што опфаќа изградба на трговски центар и четири станбени згради. Албанската групација „Балфин“ планира да инвестира 90 милиони евра во нов шопинг мол во Скопје, со вкупна површина за издавање (GLA) од 53.000 метри квадратни. Комплексот ќе се гради на местото на постоечките хали од Скопскиот саем. Трговскиот центар и четирите станбени згради според планот треба да бидат завршени до крајот на 2020 година.

 

 

Албанската групација „Балфин“ планира етапно да го гради мултифункционалниот комплекс на локацијата што зазема површина од 155.000 метри квадратни. Очекувањата на инвеститорот се дека во новиот трговски центар ќе функционираат околу 250 продавници и дека ќе привлече неколку брендови кои во моментов не се присутни на македонскиот пазар.

 

Објектот на трговскиот центар ќе има два ката и подземен паркинг. Првата фаза од реализацијата на проектот ја подразбира и изведбата на четирите станбени згради, кои ќе понудат 670 станови на домашниот пазар на недвижности.

 

Изградбата на целокупниот комплекс „Скопје Ист Гејт“ ќе се одвива во период од пет до седум години. Проектот вреден 350 милиони евра ќе овозможи изградба на 10 згради за колективно домување со 1.600 станови, пет бизнис центри со предвидена нето површина од 66.000 метри квадратни и трговски центар со површина за изнајмување од 53.000 метри квадратни.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект