Претходна статија
За автопатот Гостивар - Кичево се обезбедија првите 20 милиони евра
Следна статија
Фекалната и атмосферска канализација пристигна во Маџир Маало

МНР се дума дали да ја руши или реконструира амбасадата во Будимпешта

Објавено на 07.12.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерството за надворешни работи денеска распиша оглас за изработка на две проектни идејни решенија за натамошниот статус на објектот на македонската амбасада во Будимпешта. Надлежните се обидуваат преку изготвувањето на овие решенија да утврдат што понатаму да се прави со објектот што повеќе од една деценија не се користи во унгарскиот главен град. „Целта на изработката на двете проектни идејни решенија е врз основа на истите да се направи приближен предмер и пресметка со вкупна цена на чинење на реализацијата на работите утврдени со идејните решенија“ се вели во огласот од министерството.

 

*Објектот на Амбасадата на Република Македонија во Будимпешта во моментов се наоѓа во девастирана состојба

 

Првиот идеен проект треба да вклучи можност за статичка санација на постоечкиот објект на Амбасадата на Република Македонија, вклучувајќи и ја и планираната надградба на два спрата. Второто идејно решение би предвидело рушење на постојниот објект, и изграба на нов на истата локација, со вкупна површина што е приближна на потребите прикажани во првиот случај

 

Проектантот ќе треба да ги изврши работите во рок од 20 дена од потпишувањето на договорот, при што вредноста на проектантските работи е проценета на околу 360.000 денари. Постојната зграда на македонската амбасада во Будимпешта беше купена за 3.000.000 евра во 2007 година, но објектот не проработи до денешен ден. Самите простории на објектот се наоѓаат во многу лоша состојба, а на теренот на кој се наоѓа зградата има свлечиште.