Претходна статија
Догодина ќе се вози по реконструиран автопат меѓу Велес и Градско
Следна статија
Градежниците во нокдаун по минималната реализација на капиталните инвестиции

Јапонците ја помагаат обновата и набавката на медицинска опрема за болниците

Објавено на 15.11.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорката на Јапонија во земјава Кеико Ханеда денеска остварија посета на неколку здравствени установи, каде јапонската влада даде грант за зајакнување на капацитетите со опрема и реконструкција на јавните здравствени установи. Со Програмата на јапонската влада „Грант – помош за поддршка на мали проекти за човекова безбедност“ беа опфатени објектите на Клиниката за дигестивна хирургија, Клиниката за гинекологија и акушерство и Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле.

 

*Извор на фотографија: Влада на Р.М.

 

„Речиси половина милион евра беа доделени на пет здравствени установи за набавка на медицинска опрема и реновирање. Со оваа голема донација ги подобруваме условите и ги зајакнуваме капацитетите во здравствените установи, онаму каде што е потребно“ посочи министерот Филипче. Особено значајни се спроведените мерки за енергетска ефикасност на објектот на Клиниката за дигестивна хирургија, коишто се обезбедија со јапонска помош.

 

Од осамостојувањето на нашата земја до денес, Јапонија има обезбедено огромна помош од над 420 милиони евра преку официјалната развојна помош за повеќе значајни сектори во земјава.