Претходна статија
Државата е подготвена и сама да ги гради автопатиштата
Следна статија
REAL EX за прв пат во Скопје и во Тирана, во организација на групацијата Леорон од Дубаи

Реконструкција и надградба на руинираното игралиште во Ново Лисиче

Објавено на 20.01.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#На површина од околу 4.000 метри квадратни во скопската населба Ново Лисиче треба да никне мини спортско-рекреативен центар. Општина Аеродром распиша тендер за изградба на спортска сала и отворено повеќенаменско игралиште, на просторот на сегашниот руиниран спортски објект во населбата, стар околу две децении. Салата ќе има 1.100 метри квадратни на две нивоа и капацитет за стотина гледачи. Ќе се користи за кошарка, мал фудбал и одбојка, а ќе има и дополнителни простории за фитнес и за пинг-понг. Отвореното игралиште ќе има трибини за околу 1.000 гледачи. Планирано е и хортикултурно облагородување на околината и пропратни содржини како кафулиња и детски игралишта. Проектот треба да се реализира до крајот на 2012, а целосно ќе се финансира од општинскиот буџет.