Претходна статија
Распишан архитектонски Конкурс за надградба на општинската зграда во Кавадарци
Следна статија
Идните депонии во четири региони ќе се даваат под концесија

Со средства од САД ќе се санира Чифте амамот во скопската чаршија

Објавено на 31.10.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Со средства од 91.000 долари од Амбасадорскиот фонд за културно наследство на САД за 2018 година ќе се помогне санацијата на Чифте амамот во Старата скопска чаршија. Министерот за култура Асаф Адеми и амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли денеска го потпишаа договорот за грант за проектот „Санација на оштетувањата од влага, заштита од навлегување на атмосферска вода, заштита од УВ – зрачење и оградување на културното добро Чифте амам“.

 

*Извор на фотографија: Влада на Р.М.

 

Со американските средства ќе се продолжи спроведувањето на санацијата на Чифте амамот. Националната галерија на Македонија ја отпочна реализацијата на првата фаза од овој проект кон средината на јули годинава, за која беа издвоени околу 1,8 милиони денари од државниот буџет. Главната цел на проектот е да се заштити самиот споменик на културата од навлегување на влага и оштетување на неговите простории.

 

Националната галерија на Македонија по втор пат добива грант од Амбасадата на САД во Република Македонија, по првиот доделен во 2010 година за реконструкција и изведба на дренажен канал на Даут – пашиниот амам во скопската чаршија.