Претходна статија
Во Струга ќе се реконструира главната улица „Маршал Тито“
Следна статија
Во Кавадарци петиција на еколозите против изградбата на цинкара

Критична маса #78 утре ќе вози за усогласена визија за одржлив транспорт во Скопје

Објавено на 30.10.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Иницијативата „На Точак“ ги поканува граѓаните на Скопје на утрешното заедничко возење на велосипеди на Критична маса #78, која што ќе започне во 17:30 часот на плоштадот „Македонија“. Октомвриското возење велосипеди е под мотото „Автоцентризмот не е мртов“, коешто треба да укаже дека во политиките на Градот Скопје и на општините автомобилот останува приоритет на самиот врв на сообраќајната пирамида.

 

*Дизајн на промотивен материјал: Александар Бојковски 

 

„Скопје заслужува современа визија за сообраќајот, визија за поинаква модална распределба, визија за одржлив транспорт, визија за зелен град, за поголемо учество на јавниот, велосипедскиот и пешачкиот сообраќај во вкупниот, а помала на автомобилот“ потенцираат од граѓанската иницијатива „На Точак“. На претстојното возење на Критична маса #78 ќе се повика на усогласена визија за одржлив транспорт на Градот Скопје со општините и заедничко работење кон мултимодално планирање и доведување до крај на автоцентризмот.