Претходна статија
Повеќе од половина од сите станови во земјава се градат во Скопје
Следна статија
Предавање на Дамјан Кокалевски на Архитектонскиот факултет

АДСДП ќе инвестира во изградба на нови станови во општина Бутел

Објавено на 29.10.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Нови станбени згради ќе се градат на булеварот „Босна и Херцеговина“ во скопската општина Бутел. Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор (АДСДП) на Електронскиот систем за јавни набавки денеска го објави тендерот за избор на изведувач на идниот објект на градежната парцела 2.02 од ДУП-от за градска четврт С 16, за чија изведба е предвидено да се издвојат над 513 милиони денари (над 8,3 милиони евра со вклучен ДДВ). Инвеститор во проектот е државата, додека новите станбени згради ќе се изградат во рамките на Проектот за изградба, продажба и одржување на станбениот простор сопственост на Република Македонија и во согласност со проектот за изградба на станови за лица во социјален ризик и други ранливи групи.

 

 

Идните објекти за домување би се граделе на местото на некогашните општински бараки во населбата Бутел, во чија близина веќе беа изградени неколку згради со социјални станови. Идниот изведувач на проектот ќе има рок од 36 месеци за да ги заврши севкупните активности за изградба на објектите. Тендерот за изградба на повеќефункционалните згради ќе трае 13 декември, до кога заинтересираните градежни компании ќе можат да ги поднесат своите понуди за учество.