Претходна статија
160 дуќани од македонските чаршии ќе бидат санирани со владини пари
Следна статија
Поништен тендерот за изработка на проект за експресниот пат Битола - Меџитлија

Радовиш го подготвува проектот за гасификација

Објавено на 12.10.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Радовиш денеска го објави огласот за избор на проектант што ќе ги подготви идејниот проект и основниот проект за изградба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа на територијата на оваа локална самоуправа. Подготовката на проектната документација е проценето дека ќе чини околу 1,8 милиони денари, додека нејзиното изготвување ќе се одвива во временски период од 6 месеци. Локалните власти процениле дека на градот во моментов му е неопходно да изведе гасоводна мрежа во должина од 7 километри.

 

Заинтересираните компании имаат рок до 6 ноември за да ги достават понудите за учество во тендерската постапка. Ако се одвива процедурата со предвидената динамика, тогаш Радовиш ќе го добие проектот за изградба на секундарната дистрибитувна гасоводна мрежа веќе во првото полугодие од 2019 година.