Претходна статија
Историјата на Дебар маало преточена во изложба
Следна статија
Природен гас од гасоводот ТАП може да потече и од Албанија

Во „Мала станица“ отворена БИСТА 2018

Објавено на 20.09.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Овогодинешното Биенале на студентите по архитектура (БИСТА) вечерва беше отворено во мултимедијалниот центар „Мала Станица“. Настанот се одржува во рамките на XIX Биенале на македонската архитектура. БИСТА 2018 ги носи најсвежите авторски трудови изработени во периодот меѓу двете биеналиња од студентите по архитектура што ја следат наставата на сите факултети во нашата земја – Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Универзитетот Американ Колеџ, Меѓународниот Балкански универзитет и МИТ Универзитетот.

 

 

На БИСТА 2018 беа изложени и пристигнатите постери на распишаниот студентски конкурс за избор на постер на овогодинешното биенале. Тричлена комисија го избра графичкото решение на студентката Ангела Стефановска од Архитектонскиот факултет при УКИМ за победничко.

 

 

Текст, фото: Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk