Претходна статија
Проектот за изградба на 145 спортски сали ќе го продолжи сегашната влада
Следна статија
Општинарите ја сопреа незаконската градба кај Скопското Кале

Отворена изложбата „Архитектонски илустрации“ на Зоран Кардула

Објавено на 18.09.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Во рамките на XIX Биенале на македонската архитектура (БИМАС), во Музејот на град Скопје вчера вечер беше отворена изложбата „Архитектонски илустрации“ на македонскиот графички дизајнер Зоран Кардула. На изложбата се изложени илустрации на дел од бруталистичките објекти изградени во Скопје по земјотресот од 1963 година, споменикот Македониум во Крушево и дел од спомениците од Народно – ослободителната борба изведени на територијата на нашата земја. Изложбената поставка ќе биде отворена за сите посетители за време на одржувањето на БИМАС, при што влезот во Музејот на град Скопје е бесплатен. Зоран Кардула годинава беше избран за автор на плакатот и брошурата на овогодинешното издание на БИМАС.