Претходна статија
„Кранфилд Фаундри“ ќе инвестира 20 милиони евра во новата фабрика во Пробиштип
Следна статија
Започна изградбата на нова фабрика во ТИРЗ Струга

Државата ќе помогне во изградбата на инфраструктурни проекти во Охрид

Објавено на 05.09.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерството за транспорт и врски ќе помогне при реализацијата на неколку инфраструктурни проекти во Охрид. Во текот на наредните денови ќе започне реконструкцијата на централниот булевар „Туристичка“, којшто ќе се санира на потегот до Билјанини Извори. Во делот на патната инфраструктура, предвидена е санација на стариот пат од Подмоље до Охрид и на регионалниот пат од Охрид до Свети Наум. Министерот Горан Сугарески денеска оствари средба со охридскиот градоначалник Јован Стојаноски, по што беа презентирани и останатите проекти што ќе се реализираат.

 

Станува збор за изградба на водоводот од Дувло до Охрид, којшто е предвидено да се финансира со обезбедените средства од турски ТАВ. Со изведбата на оваа водоводна линија на долг рок би се решил проблемот со водоснабдувањето на Охрид. Со аплицираниот проект на Општина Охрид до ова министерство, предвидено е да се финансира реконструкцијата на улицата „Абас Емин“ долг целата нејзина траса. Охридскиот градоначалник Јованоски ја нагласи увереноста дека Министерството за транспорт и врски ќе помогне при изработката на урбанистичките планови за старото градско јадро на Охрид.

 

Меѓу останатите проекти што треба да се реализираат во претстојниот период, е и рехабилитацијата на патниот правец од охридското село Подмоље, преку Струга, до граничниот премин Ќафасан.