Претходна статија
Обезбедени средства за проширување на патот Крива Паланка - Деве Баир
Следна статија
ДОНИРАНИТЕ ОБЈЕКТИ ЗА СКОПЈЕ ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ: ОУ „Јан Амос Коменски“ на чешкиот архитект Јиндрих Форст

Ќе се гради нов парк зад објектот на Македонската филхармонија

Објавено на 30.08.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов најави дека Град Скопје и Општина Центар ќе градат нов парк во централното градско подрачје. Одговарајќи на советничко прашање на седница на Советот на Град Скопје, тој најави уредување и изградба на нов парк на просторот зад објектот на Македонска филхармонија. „Овој простор со години се користи како нелегален див паркинг. Бидејќи станува збор за неасфалтирана површина, на ова место паркираните возила разнесуваат прашина која дополнително го загадува воздухот“ изјави Шилегов.

 

*Ќе се надмине урбаниот хаос позади објектот на Македонска филхармонија во центарот на Скопје

 

Тој додаде дека на оваа локација ќе се изгради парк со површина од 14.000 метри квадратни, што го прави овој парк поголем и од Паркот на жената борец. За парковско зеленило на просторот се предвидени 8.000 метри квадратни, во рамките на кои покрај постојните 23 дрвја ќе бидат засадени уште 60-тина нови садници. Планираниот парк кај Македонска филхармонија ќе има пешачки и велосипедски патеки, клупи, корпи за отпадоци, чешми, канделабри за осветлување и други содржини.