Општина Берово денеска ја започна изградбата на нов градски пазар со покриена површина од околу 1.800 метри квадратни. Проектот вреден над 12,4 милиони денари ќе го гради „ВИА Инженеринг“ од Вевчани. Ново проектираниот објект ќе се состои од три модули, два продажни делови и влезен дел. Во едниот модул ќе се продаваат раноградинарски и земјоделски производи, а во другиот овошје и друг вид на прехранбени производи. Како што информираат од Општина Берово, новиот градски пазар би се изградил до крајот на 2018 година.
*Извор на визуелизација: Општина Берово
Објектот се гради со обезбедените средства преку грант од Светска банка, со финансиско учество на локалната самоуправа. Општинските власти од Берово се надеваат дека со новиот градски пазар ќе се запазат сите правила и стандарди за модерно градско уредување.