Претходна статија
Учениците од ОУ „Гоце Делчев“ во Центар ќе го дочекаат 1 септември во обновен објект
Следна статија
Избран идеен проект за најавената градска болница во Аеродром

Започна реконструкцијата на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани

Објавено на 08.08.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Со финансиска поддршка на Министерството за култура започнаа градежните активности за реконструкција на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани. Согласно проектот кој ќе се реализира во неколку фази, предвидена е реконструкција на надворешноста на објектот која опфаќа замена на надворешните прозорци и врати, поплочување на влезната платформа, менување на подната конструкција на источниот влез и на терасите.

 

Потоа ќе се реконструира и кровот, а целата зграда ќе добие нова термоизолациска фасада и соодветно осветлување. По завршувањето на реконструкцијата на надворешниот дел од објектот кој претставува своевиден симбол на Кочани, ќе се продолжи со активностите за санирање на критичните делови во внатрешноста на оваа културна институција, информираат од Министерството за култура.

 

Објектот на Центарот за култура „Бели мугри“ е лоциран во центарот на Кочани. Станува збор за модернистичко здание проектирано од српскиот архитект Глигорие Савовиќ, чија изградба започнала во 1957/1958 година. Објектот бил ставен во функција на 29 ноември 1964 година.