Општина Кавадарци денеска распиша тендер за избор на градежна компанија што ќе ја изведува реконструкцијата на градскиот плоштад. Изведбените активности ќе се одвиваат врз основа на избраното идејно решение на авторките Ирена Трајкова и Даниела Клинчарова, кои ја освоија првата архитектонска награда на минатомесечниот Конкурс за пренамена и надополнување на градскиот плоштад во Кавадарци, поточно на постојниот амфитеатар и фонтаната на оваа јавна површина.
Со претстојниот градежен зафат ќе се изврши засадување на ново зеленило, ќе се постави дополнителна урбана опрема, ќе се изведат велосипедски паркинзи и други пропратни содржини. Градежните работи треба да се завршат во рок од 1 месец. Заинтересираните фирми имаат рок до 15 август за да ги достават понудите за учество во тендерската постапка. Проценетата вредност на овој проект изнесува околу 3,2 милиони денари.